Автор: ТЕСТ Млекара Здравје - Радово
Квалитетот, иновациите и постојаните вложувања доведоа до голема доверба и свесност кај потрошувачите за брендот МЛЕКАРА ЗДРАВЈЕ РАДОВО ДОО. Сопствените рецепти, иновативниот технолошки пристап и визијата која ја поседуваат се силно изразени во вредноста на брендот. Денес целокупниот асортиман опфаќа над 60 производи. Почетниот капацитет на дневна обработка на млеко од 2 500 л, денес е зголемен на над 120 000 л. Целокупната продажба и дистрибуција на производите се одвива во и од магацинот во Скопје, каде се наоѓа и дирекцијата на претпријатието. Со дистрибуција се опфатени сите градови и населени места во Македонија.