Автор: ТЕСТ Друштво за производство и трговија ЈОКА увоз-извоз ДООЕЛ Струмица
JOKA ДООЕЛ започна со работа на 29.04.1993 година, како една од првите приватни млекари во регионот. Во текот на годините, ги следиме и применуваме најсовремените технологии и машини за преработка на млеко, со што капацитетот на млекарата значително се зголеми. Со трудољубиво и посветено работење, со нагласен акцент пред сè на квалитетот, развивме широка палета на ферментирани производи, како и сирење, кои на пазарот ги привлекоа купувачите со традиционалното потекло и препознатливиот вкус. Огромен придонес за тоа имаат и нашите кооперанти кои се база за чиста и квалитетна суровина, од кои секојдневно се слива 7000 литри млеко во нашата млекара. Спрегата помеѓу кооперантите, млекарата и нашите купувачи, за квалитетен и здрав производ, дополнително ја зголеми и зацврсти имплементирањето на меѓународните стандарди за квалитет, како што е HACCP, кој што го сертифициравме уште во 2006 година. Денес млекарата произведува околу десетина производи претежно од течната програма и тоа кисело млеко, јогурт, свежо пастеризирано млеко, како и ајран.