Автор: ТЕСТ ДЕНТИНА ДООЕЛ увоз-извоз Струмица
ДЕНТИНА ДООЕЛ е основана 1993 година како 100% приватна сопственост, а со сопствено производство на конзервиран зеленчук започна во 2003 година. Тоа е семејно претпријатие кое е ориентирано спрема пазарот и неговите потреби, а своето производство целосно го пласира на странските пазари. Примарната цел на нашето претпријатие е квалитетот на самите производи. Како суровина за производство се откупуваат висококвалитетни производи од домашни соработници со кои се склучуваат договори. Целосната контрола и начинот на производство без конзерванси прави ДЕНТИНА ДООЕЛ да произведе квалитетен производ безбеден за конзумирање. Капацитетот на производство се зголемува секоја година со инвестиции во нови машини. Предноста која ја има ДЕНТИНА ДООЕЛ е самата околина во која се наоѓа. Општина Струмица изобилува со многу сончеви денови и токму тоа претставува голема предност за раноградинарските култури кои се основна суровина на ДЕНТИНА ДООЕЛ.