Потпишување договор за меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Василево и Општина Струмица во рамките на проектот „Дигитализирано земјоделство – напредно земјоделие“

На 04.04.2023 (вторник) во Струмица градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов и
градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов свечено ќе потпишат договорот за
меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Василево и Општина Струмица во рамките на проектот
„Дигитализирано земјоделство – напредно земјоделие“ финансиран преку Проектот „Пост-КОВИД:
општините како двигатели за одржливиот развој“ имплементиран од страна на Програмата за
развој на Обединети Нации (УНДП) во соработка со Министерството за локална самоуправа и
Бирото за регионален развој на Република Северна Македонија.
На свеченоста ќе присуствува директорот на Бирото за регионален развој г-дин Рамиз Реџепи и
претставници на Програмата за развој на Обединети Нации (УНДП).
Проектот „Пост-КОВИД: општините како двигатели за одржливиот развој“ има за цел да ги
поттикне општините на меѓусебна соработка, во делот на дигитализација на услугите, локален
економски развој и превенција од непогоди.
Преку финансираниот проект „Дигитализирано земјоделство – напредно земјоделие“ се
спроведоа повеќе активности во насока на подобрување на локалниот економски развој, со
акцент на поддршка на земјоделието. За таа цел целосно се опреми Центарот за обуки којшто
треба да послужи како тренинг центар за обука на различни категории граѓани. Во центарот се
изведоа неколку циклуси обуки наменети за земјоделците.

Споделете ја оваа објава

Последни објави

За Нас

Ние сме центар за одржив развој. Регионална канцеларија со Обучен центар за поддршка на Локалниот економски развој и руралниот одржлив развој – (земјоделството)

Билтен

Внесете го вашиот Е-маил за да се претплатите на нашиот месечен билтен