Октомвриски Агро Активности Во Пелагонија

Во октомври кај сите дрва се одвива процес на складирање на резервни хранливи материи, а тоа кај младите овошни насади, бара длабока обработка на почвата, посочуваат од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството-АПРЗ со седиште во Битола.

-Во овој месец, доколку дозволуваат временските услови, се уште може да се садат јагоди и тоа садење треба да е завршено до средината на месецот, за да може растенијата убаво да се вкоренат за да не изгинат во текот на зимата. Веднаш по паѓањето на листовите, препорачливо е сите овошни дрвца да се испрскаат со 2 отсто раствор на Бордовска чорба. Со ова се олеснува борбата против бактериските болести, кадравоста на листот и слично. Јаболката и крушите препорачливо е да се истретираат со 5 отсто раствор од уреа. Под кората на дрвјата обично презимуваат црвените пајачиња, некои видови грини, црви и други штетници. Затоа кон крајот на месецот треба стеблата и подебелите гранки да се премачкаат со 20 проценти варова каша, препорачуваат агро експерти од Битола.

Спред советите од АПРЗ-Битола, градинарските култури кои се наменети за потрошувачка во текот на зимата, треба да се приберат пред настапувањето на поголемите мразеви. Кочаните се отсекуваат под коренот и се чуваат во ровови. Морковите за зимска потрошувачка исто така се чуваат во ровови.

– Во првата половина на месецов се сади салатата и зелената салата кои се наменети за пролетната потрошувачка. На крајот на октомври, или најдоцна на почетокот на ноември се прибираат празот, ротквиците, зелените домати, карфиолот и главестата зелка. Во овај период се сади зелениот кромид на отворено за рана пролетна потрошувачка, велат од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството со седиште во Битола.

Споделете ја оваа објава

Последни објави

За Нас

Ние сме центар за одржив развој. Регионална канцеларија со Обучен центар за поддршка на Локалниот економски развој и руралниот одржлив развој – (земјоделството)

Билтен

Внесете го вашиот Е-маил за да се претплатите на нашиот месечен билтен