
Основни информации
Проектот има за цел да осигура дека локалниот и регионалниот развој се инклузивни, базирани на факти, родово сензитивни и во целост ги адресираат развојните потреби на општините
Општините Струмица и Василево започнаа постапка за меѓуопштинска соработка во насока на реализација на проектот „ Унапредување на Локалниот економски развој и руралниот одржлив развој во сите сегменти на меѓуопштинската соработка помеѓу општините Струмица и Василево со посебен осврт на земјоделството“. Во склоп на овој проект се реализираа низа активности за опремување на регионална канцеларија и тренинг центар којшто ќе служи како мотор за локалниот економски развој, со посебен осврт на младите претприемачи, издавачи на индивидуални сместувачки капацитети и индивидуалните земјоделци.